Oсмани од Минхен: Граѓаните да се сликаат во конзулатот, ако дојдат во Скопје само со патен лист тешко ќе се вратат без пасош

Oсмани-од-Минхен-Граѓаните-да-се-сликаат-во-конзулатот-ако.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со премиерот Талат Џафери, денес, во Минхен, ја посети базната станица во Генералниот конзулат на Македонија, каде што се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на пасоши за нашите државјани.


Османи изјави дека пред него има околу 300 пасоши на македонски државјани кои се стигнати од Скопје за кои фотографирањето се случило пред само неколку недели.

„Пасоши на граѓани кои се сликале на 26 јануари веќе се стигнати преку МНР и имавме можност да ги издадиме. Рокот за чекање се скратува значително“, рече Османи.

Посочи дека базните станици работат постојано, воведено е двосменско работење и се надева дека им се излегува во пресрет на граѓаните по однос на патувањата.

„Некои држави не прават проблем за доаѓање во Скопје, но сепак најбезбедно е да земат патен лист или да се сликаат за нов пасош. Граѓаните кои се враќаат со патен лист треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што можат да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, најсигиурно е да се сликаат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот“, рече Османи.

Додаде дека не е совршено, постојат предизвици со оглед на тоа што голем број граѓани бараат нов пасош, но се обидуваат со сите ресурси да им излезат во пресрет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK