ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната

ВМРО-ДПМНЕ-Заради-неспособниот-Ковачевски-Македонија-има-50-повисока-инфлација-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната, велат ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Оттаму додаваат дека Македонија е на дното во регионот и Европа гледано од перспектива на економски развој, заради Ковачевски поголем економски раст имаат и Косово, и Албанија и Црна Гора.


Македонија со 2.5% економски раст кој го прогнозира ММФ е 80% послаба од Црна Гора која има раст од 4.5%, 60% послаба од Косово чија економија расте со 3.8%, и 50% послаба од Албанија која има раст од 3.6%, наведуваат од опозициската партија и додаваат дека со оваа влада до крајот на годината над половина милион луѓе во Македонија ќе живеат во сиромаштија.

Според нив, потребни се коренити промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK