ВМРО-ДПМНЕ: Обврзниците за кои соопшти Богоев немаат никаква вредност

vmro
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

10 август 2023 

Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра.


Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат.

Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија.

Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.

Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев.

Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK