Од денеска, па до среда (16.08.2023) започнува третата јавна анкета за спорниот ДУП кој се однесува за изградба на висококатници кои треба да се градат во населба Лисиче. Јавната презентација од страна на општината ќе се одржи во вторник (15.08.2023) во основното училиште „Димитар Македонски„ на која општинските власти ќе се обидат да јги убедат лисичани дека овој корегиран ДУП е добар за нив.
Ние како Левица – Аеродром ги повикуваме лисичани да излезат во што поголем број, да ги пополнат анкетните листови и масовно да се појават на јавната презентација за да го кажат нивното гласно НЕ на бетонизацијата која ја планираат општинските власти на чело со градоначалникот Тимчо Муцунски.
Левица им ја дава својата безрезервна поддршка на жителите од населба Лисиче во нивната борба против бетонизацијата и урбаниот хаос, кој градоначалникот Тимчо Муцунски планира да го спроведе со гласањето на овој ДУП заради задоволувањето на бизнис интересите на неколку градежни фирми.