Сашо Тасевски мора да одговори дали и колкаво влијание има неговата позиција во полицијата, директор на БЈБ, во развојот на семејната фирма и создавањето контакти и склопувањето на бизниси? Кои се клиентите коишто ја изберат фирмата со адреса на директорот на БЈБ да им инсталира опрема или да користат услуги поврзани со информатичката технологија и компјутерите во своето понатамошно делување? Колкумина клиенти имаат стекнато во овој период од октомври лани до сега, колкумина работат во компанијата, како оди бизнисот на семејната компанија на Тасевски? Кои се услуги ги нуди семејната фирма на Тасевски на своите клиенти?
Тоа се прашањата на коишто Сашо Тасевски, директорот на БЈБ и во слободно време семеен бизнисмен мора да ги одговори.
Почитувани,
Повеќе од шест месеци, домот на директорто на БЈБ, Сашо Тасевски е местото каде што се води бизнис, каде што е регистрирана семејна компанија на име на неговиот син, домот на Сашо Тасевски, директорот на БЈБ е местото од каде што според називот се тргува, се нудат услуги, нешто се произведува, според дејноста “останати услуги во врска со информатичката технологија и компјутерите”.
Бегањето на директорто на БЈБ, Сашо Тасевски од одговори и празните деманти од МВР, не го намалуваат фактот дека на домашната адреса на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски е регистрирана фирма. Тоа е семејна компанија, затоа што на истата адреса на којашто е регистрирана компанијата, живеат и директорот на БЈБ, Тасевски и директорот на регистрираната фирма, сопственикот и управител на фирмата Тасевски.
Почитувани,
Директор на БЈБ е висока позиција, Сашо Тасевски мора да одговори на овие прашања, но и зошто фирмата на домашна адреса ја нема во неговиот анкетниот лист. Прес центарот на МВР не смее да се претвори во прес центар на Тасевски и семејната фирма.
Почитувани, додека Сашо Тасевски го нема никаде, а на неговата домашна адреса се развива бизнис, Македонија се дави во криминал и во корупција. Само избори се спасот!
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ