На повеќе локации во општина Илинден се поставуваат нови линии за улично осветлување

osvetluvanje-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.


 

„Во рамките на овој проект поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 1660 метри. Поставена е нова линија во населено место Кадино на улица „8“ во должина од 300 метри, во Јака на улица „108“ во должина од 300 метри, во населено место Мршевци на улица „1“ во должина од 300 метри, во населено место Дељадровци на улица „1“ во должина од 180 мести, во Миладиновци на улица „1“ во должина од 100 метри, во Мралино кај кошаркарско игралиште во должина од 80 метри, како и во Марино на краци од улица „500“ и улица „540“ во должина од 400 метри“, велат од Општина Илинден и додаваат:

„Екипите на ЈКП „Илинден“ покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови. Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK