Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ иницира измени на два закона за поддршка на болните од цистична фиброза

vmro-dpmne
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека поднесува измени на Законот за здравствено осигурување и на Законот за јавни патишта за да им се олесни животот на болните од цистична фиброза, со што лицата над 26 години ќе бидат ослободени од партиципација за лекување и за ослободување од патна такса и патарини.

Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека овие лица се заборавени од Владата и дека лекот „Трикафта“ се уште не можат да го добијат околу 130 лица во државава иако пред три месеци, како што рече, беа направени измени на Законот за лекови за болните од цистична фиброза да ја добијат потребната терапија.


-Со овие измени терапијата требаше да ја добијат сите болни од цистична фиброза, но тие се уште се мачат и не може да го добијат лекот „Трикафта“. Станува збор за околу 130 лица во државава… Ние, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, итно бараме да се обезбеди модуларна терапија за сите болни од цистична фиброза. Како пратеничка група сме во постојан контакт со овие лица, рече Ристески.

Тој повика министерот за здравство, Фатмир Меџити, да престане, како што рече, „да ја замајува јавноста со паркинг на клинички, укинување директори во рамки на кампусот клиники ’Мајка Тереза’ и како приоритет да се заложи лицата со цистична фиброза да го добијат потребниот лек“.

-Ги повикуваме пратениците од владејачката коалиција да покажат доблест и да ги поддржат измените на овие два закона со цел олеснување на животот на лицата со цистична фиброза. Со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ по овој принцип и со тесна соработка со здруженијата, ќе иницираме законска регулатива и за пациентите со ретки болести со цел олеснување на пристапот и на оваа категорија пациенти, која е една од најранливите, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK