Митева: Никогаш не било полошо, само 20 отсто раст на БДП за 7 години власт на СДС и ДУИ

Митева-Тврдењата-на-власта-дека-има-добри-резултати-во-делот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во период од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.


„Имено додека во Македонија економијата пораснала за 20%, во БИХ таа се зголемила за 42%.

Додека Македонија има раст од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%.

Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%.

Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.

Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, каде се наоѓаат нашите најголеми трговски партнери. Додека во Македонија се живее полошо од пред 7 години, денес во Македонија се живее полошо од сите земји во соседството од БИХ до Албанија.

Сите овие држави се наоѓаат на Балканот, имаат слична економска основа и појдовна точка, сите се соочуваат со слични предизвици, единствена разлика помеѓу Македонија и сите други е тоа што овде на власт е СДС и ДУИ, кои наместо за граѓаните, работат само за себе.

Затоа Македонија, не само што не оди напред, туку тоне.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, рече Митева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK