Митева: Граѓаните седма година се сведоци на неодговорно и расипничко владеење

miteva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на СДСМ и ДУИ шест години е на власт, веќе се влезени во седмата година на владеење, а не мрднаа со прст за ништо во здравството, освен што сопреа проекти и плаќаат казни. Тоа е резултат на расипничкото владеење на Владата предвоена од СДСМ и ДУИ.







Поточно, по раскинување на договорот за нов клинички во Скопје за што треба да се плати казна во сума која достига до 20 милиони евра, сега министерот за здравство известува дека се раскинува договорот за изградба и на новата болница во Штип.

Новата болница во Штип започна да се гради во март 2016 година. Но, оваа неспособна Влада која ја предводи Димитар Ковачевски не прави ништо освен што се занимава со наместени тендери, корупција и криминал.

Владата на Ковачевски остави цел регион од околу 300 илјади жители без соодветни услови за лекување, а не се грижи ниту за медицинскиот кадар.

Сега има нови оправдувања како не биле почитувани роковите за градба?! Па да ја прашаме власта – кој треба да следи спроведување на договореното и кој треба да постапува? Многу е јасно – тоа се надлежните, министерството за здравство и Владата.

Изговорот број два е дека бил пробиен првиот рок во 2018 година, па и вториот во јуни годинава, а во меѓу време Владата ги заборави граѓаните. Очигледно, сега ќе се посветат на нов тендер или барање на друга фирма. А на сите им е јасно како завршува секој тендер во оваа Влада.

Оваа нова клиника во Штип првично требаше да чини околу 34 милиони евра, а проектот беше делумно финансиран преку заем од банката на Совет на Европа. Но, банката пред две години се повлече, а финансирањето го продолжи Владата. И по нивните добро познати шеми на сметка на фирмата легнаа пари, но не се направи ништо.

Граѓаните седма година се сведоци на неодговорно и расипничко владеење од СДСМ и ДУИ. Граѓаните се сведоци дека тие не мрдаат со прст, не прават ништо за подобри услови за лечење, нема инвестиции во медицински кадар или инвестиции во инфраструктура и воопшто во здравството. Токму затоа оваа Влада треба да замине час поскоро!

Прес-конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK