Мицкоски на средба со специјалниот претставник Сарацин: Владата врши злоупотреба на европското знаменце

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски остварија средба со Манеул Сарацин, специјален претставник на германската Влада за Западен Балкан.







На средбата Мицкоски и Сарацин разговарале за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ потенцирал дека државата се соочува со големи предизвици како на внатрешен, така и на надворешен план, истакнувајќи дека додека граѓаните тонат во се поголема сиромаштија, високите владини функционери, рекол, се богатат на сметка на граѓаните, бидејќи има висок степен на криминал и корупција од страна на владата на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски, како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, го информирал Сарацин и за „злоупотребите во Собранието кои што ги прави власта во однос на користење на европското знаменце за законите кои се однесуваат за договорот со Бехтел и Енка за историски криминал“, додавајќи дека на тој начин не и се дозволува на опозицијата да може да дискутира по однос на забелешките на законите.

– Претседателот Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата во однос на евроинтегративниот процес и започнување на преговорите, додавајќи дека граѓаните на Македонија час поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво на европски процеси и принципи, а не на уцени и закани од соседна Бугарија, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Соговорниците се согласиле за унапредување и интензивирање на соработката, а Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK