Mицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка

MICKOSKI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.

– Средба беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија, соопшти партиската прес-служба.


На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски ги информира амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, посочувајќи дека „владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија“.

– Од страна на Мицкоски е истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД. Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори. Претседателот Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира. На крај, претседателот Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за севкупниот дипломатски ангажман во Македонија и му посака успех на личен и професионален план, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK