Мицкоски на Генералното собрание на Центристричката демократска интернационала во Блед

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски, денеска во Блед, Словенија учествува во работата на највисокото тело – Генералното Собрание, на Центристричката демократска интернационала (CDI-IDC).







Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе се обрати на седницата на Генералното собрание, во присуство на претседателот на ЦДИ, Андрес Пастрана, генералниот секретар и поранешен секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз, како и претседателите на партиите-членки на ЦДИ.

-Пред присутните се очекува Мицкоски да ја подвлече улогата на ВМРО-ДПМНЕ во одбраната на македонските национални интереси, интеграцијата на Македонија во поширокото европско семејство и плановите за економски реформи на државата и обновување на процесите на демократизација на општеството, почитување на вистинските вредности и севкупно подобрување на општествените состојби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен учеството на Извршниот комитет и Генералното собрание, Мицкоски ќе оствари билатерални средби со бројни регионални и европски лидери, кои исто така се присутни на Генералното собрание.

Центристричката демократска интернационала е меѓународна христијанско-демократска политичка организација основана во 1961 година, со седиште во Брисел. Се смета за една од најважните христијанско демократски политички групации во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK