„Задоволство е секогаш да се биде дел од проекти кои што се реализираат какви што се тука во општина Бутел. Му честитам на Дарко, на дел од советниците во Општината. Исто така им честитам и на луѓето кои што се дел од администрацијата во Општина Бутел и кои што работат макотрпно заедно со градоначалникот да буквално да кажеме од ништо да направат нешто“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Самиот градоначалник кажа дека имаат големи опструкции од страна на централната Влада, Владата на ДУИ – СДСМ или СДСМ – ДУИ како ви е полесно. Зошто тоа го прават? Затоа што народот овде во општина Бутел даде би рекол недвосмислена поддршка во 2021 година на локалните избори за Дарко и за ВМРО-ДПМНЕ. И сега тие со тоа што не ја поддржуваат Општината ги казнуваат сопствените граѓани.
Но, добрата вест е тоа што за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада од ВМРО-ДПМНЕ која што има намера преку проектот, а тоа е 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините во Македонија без разлика дали се тоа општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници, да помага и да реализира проекти. Бидејќи на тој начин се подобруваат условите за живот на сите граѓани“, изјави Мицкоски.
„Владата треба да биде Влада на сите граѓани, а не само на оние кои што ја гласаат, и не само за себе преку криминалните тендери кои што ги крадат местејќи ги во четири очи.
Уште еднашка сум среќен, задоволен и почестен секогаш да бидам дел од проектите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги реализираат. Му честитам на Дарко уште еднашка, на советниците во Општина Бутел, на администрацијата, за сето тоа што го прават тука. Знам дека ќе продолжат со исто темпо, а веќе со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го засилиме и ќе направиме и работи кои што не сме ги ветувале за време на кампањата на локалните избори во 2021 година“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.