Мицкоски и Николоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн

mickoski-klajn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварил средба со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн во Република Македонија.

Мицкоски, како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, му се заблагодарил на унгарскиот амбасадор Клајн за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информирал за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на државата.


– Од страна на Мицкоски беше нагласено дека Македонија се соочува со висок степен на криминал и корупција од страна на владата на СДСМ и ДУИ, укажувајќи дека тоа не само што го потврдуваат граѓаните на анкетите спроведени од домашни и меѓународни истражувачки агенции, туку го нотираат и стратешките партнери на државата, се вели во соопштението.

Претседателот Мицкоски додал дека и поради економската состојба и животниот стандард на граѓаните, кој е катастрофален, се посочува во соопштението, се поголем број на граѓани се иселуваат, нагласувајќи дека излез се брзи предвремени парламентарни избори.

– Мицкоски го афирмираше ставот на партијата дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не поддржува уставни измени под бугарски диктат со уцени и нови барања од соседна Бугарија, потенцирајќи дека преговорите треба да се темелат и водат врз вистински европски процедури и вредности, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Соговорниците се согласиле средбите да се интензивираат и во следниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK