Левица: Законски измени за правата на лицата со попреченост и иницијатива за дневен центар во град Скопје

levica_34535354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа владејачка гарнитура нема политичка волја ниту да ги слушне, а уште помалку да ги реши проблемите на лицата со попреченост!







Левица како политичка партија секогаш ги поддржувала и ги поддржува овие лица во борбата за нивни поголеми права.

Затоа, во согласност со нивните барања, на 7 јуни оваа година, двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов – во Собранието поднесоа Предлог-измена на Законот за социјална заштита и Предлог-измена на Законот за заштита на децата.

Со овие законски измени Левица предлага зголемување на паричниот додаток на лицата со попреченост и на посебниот додаток на лицата со попреченост за 78%.

Исто така предлагаме зголемување на услугите за лична асистенција од 80 на 160 часа месечно.

Во меѓувреме, советниците од Левица во град Скопје поднесоа Иницијатива за отворање на дневен центар за лицата со попреченост на територијата на град Скопје.

Апелираме и ги повикуваме пратениците и советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, како и останатите пратеници и советници од останатите советнички групи и пратенички групи застапени во парламентот и во Советот на Град Скопје да ги поддржат законските измени, да гласаат за нив и со тоа да докажат дека нивната поддршка на лицата со попреченост не е само декларативна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK