Презентацијата на вториот предлог ДУП за населба Лисиче помина неславно. Жителите сложно го отфрлија „коригираниот” предлог ДУП кој го понуди Тимчо Муцунски и општина Аеродром, кој е изменет само естетски, но не и суштински.
Високите згради, кои се главна пречка на жителите од населба Лисиче и кои ќе попречуваат проток на воздух низ населбата, и понатаму остануваат во новиот предлог ДУП.
Дали со овој нов предлог ДУП градоначалникот Тимчо Муцунски покажува дека е тесно поврзан со фирмата Голден Арт, која треба да ги гради зградите, и дали сака да ги изигра жителите од населба Лисиче.
За да се реши проблемот со спорниот предлог ДУП, советниците на Левица во општина Аеродром предлагаат:
Советот на општина Аеродром преку гласање да ги избрише постоечките маркици за зградите, исто како што се направи и за новиот парк кај трговскиот центар „ЛИСА”, со што ќе се излезе во пресрет на жителите од населба Лисиче и нема да им се наруши квалитетот на животот.