Јанчев: На власт дојдоа газејќи преку мртви. Цела кампања водеа на трагични настани

sashe janchev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На власт дојдоа газејќи преку мртви. Цела кампања водеа на трагични настани. Да беа опозиција сеа скандали ќе правеа и крокодилски солзи ќе ронеа. Плус за секакви глупости прават прес-конференции, а за ова ја оставија цела држава синоќа без сон.
И сабајле, откако се наспаа, свикаа прес и ги искритикува сите за ширење дезинформации и шпекулации. Кажаа дека безбедноста е на ниво, односно дека нема киднапирања, престрелки, убиства и дека ова е изолиран случај.







За обвинителот кој си ја издтка цела прес-конференција, се појави документ на интернет од кој се гледа дека е излезен од партискиот тефтер на “опозицијата”.
Ни кажаа дека човечки живот во оваа европска и прогресивна земја вреди 500 евра.
И после здружено, ко ништо да не се десило, си имале лидерска средба на која си зборувале за европски фронтови, уставни измени и избори.
И после имало монструми и психопати. Шо да има кога ова е секојдневие? Секојдневно му се вади душата на народот и во исто време се убедува од истите душовадници како тоа е од љубов и за негово добро.
Замислете човек на кој секој ден му иде џелат, му става слушалки на уши на кои му се повторува “многу те сакам”, а во меѓувреме дур го слуша тоа му удира 500 камшици.
Може тој човек да биде нормален? Епа мултициплирајте го тоа на цел народ и поставете си го истото прашање оти во такво општество живееме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK