Христовски: Кога директорите на ВМРО-ДПМНЕ си дадоа оставки Градот имаше буџет од околу 500 милиони денари, за половина година со лошото менаџирање на Арсовска Градот има само 56 милиони денари

христѕовски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Интересно е да се спомене дека во изминатиов период пред да излезе оваа афера дека Градот всушност е блокиран, дека сметката е блокирана од страна на извршител поради долг кон скопски саем за изградба на згради, претходно градоначалничката кажуваше во јавност, пред Совет на Град Скопје и секаде дека во суштина сметката е ликвидна односно дека Градот е во одлична финансиска состојба.

Наеднаш дознаваме од медиумите, иако тоа го негира Градот Скопје и градоначалничката дека сметката на Градот Скопје е блокирана. И тоа блокирана е од извршител за долг од 156 милиони денари, но за жал тоа не можат да го наплатат. Успеале да наплатат само 56 милиони денари според нашите информации бидејќи само толку имало на сметката“, истакна Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Христовски додаде дека градоначалникот Шилегов со неговото заминување сметката ја има оставено со 680 милиони денари, а претходно градоначалникот Коце Трајановски ја има оставено сметката со околу 780 милиони денари.
„Кога ние дадовме оставки како директори, како ВМРО-ДПМНЕ кога се разделивме од концептот т.е. новиот концепт на градоначалничката која што излезе од договорениот концепт со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сметката имаше околу 500 милиони денари, во септември 2022 година за после за само од пола година сметката има 56 милиони денари. И кои што според нашите информации се блокирани односно одземени од сметката, а другите чекаат за да дополнително се приберат и за да се наплатат“, појасни Христовски.
Тој посочи дека тоа што Градот Скопје нема пари се должи на лошото менаџирање односно игнорирањето на секојдневни проблеми со кои што се соочува Градот и јавните претпријатија, и граѓаните во градот. И поради тоа Градот е доведен во незавидна ситуација.
„Видовме деновиве и дека има напади политички од страна на СДСМ кои што бараат вонредна седница на Совет на Град Скопје, а во исто време веројатно заборавиле дека тие се истите кои што на седниците на Советот на Град Скопје и ги усвојуваат и ги одржуваат финансиските програми на Градот Скопје и јавните претпријатија во Градот Скопје, кои што истите ја даваат поддршката за финансиското работење на Градот кој што не добива генерално поддршка од членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, рече тој.
Христовски нагласи дека СДСМ се истите тие кои што и даваат поддршка на Арсовска на Советот, а ја обвинуваат за лошото менаџирање на Градот.
„Гледачите на оваа емисија можат да ги погледнат и последните седници на Град Скопје каде што можат да се уверат во Коалицијата на Данела – СДСМ – ДУИ и Левица. И може да се види на седниците една синергија во говорите, во начинот на функционирање на Советот и не само тоа туку и на крајот доаѓа и гласањето. И може да се види кој ја поддржува градоначалничката во нејзината работа т.е. неработењето, а кој не ја поддржува“, појасни Христовски.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK