На состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок.
За денеска, пак, во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села.
Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.