Нови мерки за намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук, велат од СДСМ

Нови-мерки-за-намалување-на-царинските-давачки-за-овошје-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните со пакет мерки за намалување на цените на основните прехранбени производи. Нова во низата мерки е намалувањето на царинските давачки за овошје и зеленчук, како и укинување на увозните давачки за дел од млечните производи“, велат од СДСМ.


„Цените на овошјето и зеленчукот веќе се спуштени до 30 отсто со намалување на маржите.

Со мерката „гаранитрана цена“ граѓаните во маркетите веќе купуваат над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија, како и пијалаци, по цена 10 отсто пониска од цената по којашто тие производи се продаваа на 1 август.

Веќе има намалување на производите над 10% додека кај некои е од 30 до 40%.

Овие мерки го штитат стандардот на граѓаните и влијаат на реално намалување на ценовната инфлација.

СДСМ континуирано ја следи состојбата и по потреба ќе ги продолжува и прилагодува мерките и ќе воведува нови“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK