„САД биле, се и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Нов договор нема да има“, порача Ковачевски појаснувајќи дека со веќе постоечката преговарачка рамка имаме целосна заштита на македонскиот идентитет и јазик. Билатералните односи со Бугарија нема да влијаат на процесот на европската евроинтеграција“, рече Ковачевски.
И одговори на опозицијата во врска со изјавите дека Владата коленичи пред странски дипломати за да вршат притисок за гласање на уставните измени.
„Тоа не е точно“, нагласи Ковачевски, потенцирајќи дека САД биле, се, и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси.
„Со Ескобар разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот евроинтеграциски пат, за успешниот тек на скрининг процесот и процесот за отпочнување на уставни измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европска иднина и продолжува со евроинтеграциите“, посочи тој.