Николовски најави нова мерка за складирање на житото во рок од девет месеци

zito_pcenica_345435433
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На денешната седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава. Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца.







-Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци, вели Николовски.

Посочи дека оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди  поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени. вдј Викторија Димитрова-Јованова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK