Николоски: Левица свесно или несвесно работат за ДУИ и СДС да останат на власт, тие не сакаат опозицијата да победи, но народот ќе направи правилен избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 61 пратеник

nikoloski_34242243432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Левица се претставуваат како опозиција, а збор не слушнавме да кажат за штетниот договор за изградба на автопатите со Бехтел и Енка, па да прашам зошто е така?  Втора работа, овие се единствена опозиција кои не сакаат опозицијата да победи на избори, затоа што ако добро ја видов изјавата велат дека ВМРО-ДПМНЕ не смеат да добијат 61 пратеник. Ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 61 пратеник, а СДС не може да добие толку, тогаш ќар ќе биде ДУИ, значи работат директно во корист на ДУИ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Аргумент плус“ на ТВ 24.

Николоски посочи дека затоа што ако ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратеник тогаш ДУИ повторно ќе биде оној кој ќе ги држи сите карти во раце, значи тоа дека Левица, директно работи или нејзиниот претседател работи за интересите на ДУИ.


– Ова се легитимни прашања, на кои не се дава одговор. Одат на гол популизам и се оди на гола манипулација. Јасно е, прочитано, свесно или несвесно работат за СДС и ДУИ, свесно или несвесно ги помагаат во нивното штетно работење и затоа пораката до народот е на следните избори да направат јасен избор, рече тој.

Николоски потенцираше дека ако мислат граѓаните дека треба да се промени оваа влада на СДС и ДУИ, тогаш да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што глас за било која друга партија е глас фрлен во корпа.

– За обвинувањата од власта дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Левица, Николоски истакна дека тоа е договорената пропаганда помеѓу нив.

Сите тие дилеми ќе ги решат следните парламентарни избори. Македонскиот народ ќе направи правилен избор. Граѓаните се доволно свесни и знаат дека глас за помали политички партии е глас за останување на влијанието на ДУИ на македонската политичка сцена и на останување на владата на СДС и ДУИ. Тоа го видовме на изборите од 2020 година кога помалите партии собраа околу 50.000 гласа, а разликата помеѓу СДС и Беса и ВМРО-ДПМНЕ беше само 12.000 гласа што значи дека овие 50.000 да не беа фрлени во вода, немаше да зборуваме за обидот за бугаризација на Македонија, ниту за притисоци да се промени уставот, туку ќе зборувавме за странски инвестиции, за горд македонски народ и за просперитетна држава, изјави Николоски.

Николоски нагласи дека тоа се јасните разлики и народот ќе направи правилен избор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK