Насер Ел-Рајси со благодарност до Спасовски за организацијата на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси во писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази благодарност за гостопримството за време на 50 Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржа од 8-ми до 10-ти мај во Охрид.

Претседателот на ИНТЕРПОЛ во писмо до Спасовски: Вашето визионерско лидерство е од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност


Насер Ел-Рајси во писмото ја наведува и благодарноста за тоа како МВР ја организираше конференцијата и 7 Мај – Денот на македонската полиција, на којшто Ел-Рајси беше гостин.

-Свесен сум за макотрпната работа во организирање на ваков настан, како и за посветеноста која мажите и жените ја демонстрираа во осигурувањето на исклучително искуство за сите нас, пишува Ел-Рајси.

Притоа, тој ја истакна визијата и поддршката на Спасовски за безбеден регион и за надминување на предизвиците со кои се справува ИНТЕРПОЛ.

-Вашето визионерско лидерство за безбедносните сили на Северна Македонија, како и посветеноста на вашата Влада на меѓународна полициска соработка се од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност. На лично ниво, би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка која ми ја давате и за инспиративните разговори за време на нашата средба., истакна претседателот на ИНТЕРПОЛ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK