Митева до Кузеска: Се додека барате виновници за вашите погрешни политики, ќе имате ваков негативен пад во рејтингот

miteva11032024
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не може да зборуваме ние дека ВМРО-ДПМНЕ ги креираше оние редици на возила кои што заминуваа да бараат вакцини во корона криза во соседна Србија. Не може да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ креираше паника кај граѓаните кои што не можеа да стигнат до поевтино парче леб до маркетите. Не може да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ ја креираше паника кај граѓаните кои што 600.000 граѓани живеат со 150 денари на ден, бидејќи тоа е статистика која што е излезена во државата, вели Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има предизборна програма која е работена низ реален приказ да донесе мерки кои што нема да бидат празни ветувања, туку ќе бидат како што рече таа еден вид на промоција на проекти и идеи како ние ја замислуваме Македонија 4 плус 4 години, односно би кажал долгорочно.


Јас со сигурност можам да кажам дека како опозиција која што е силно мотивирана да ги промени состојбите во Македонија, која што има доволно стручен тим кој што работеше на програмата која во идниот период ќе биде промовирана, ќе покажеме колку навистина сме работеле низ реален приказ да донесеме афирмативни мерки кои што нема да бидат ниту надвор од рамката, ниту празни ветувања, туку ќе бидат еден вид на промоција на проекти и идеи како ние ја замислуваме Македонија 4 плус 4 години, односно долгорочно, рече таа.

Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да биде гласот на народот и ќе ја информира јавноста за сите погрешни политики од страна на власта на СДС.

Така што се додека власта се обидува своите погрешни политики да ги презентира како некаква негативна реторика од сите останати чинители, а особено тие се обидуваат да го направат дека доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, можам само да кажам дека и во иднина ќе продолжиме да бидеме гласот на народот. Јас сум една од оние луѓе во партијата кој секојдневно има прес конференции, изјави, гостувања каде што зборувам за сите погрешни политики и тоа не сметам дека е погрешен начин на комуникација со граѓаните, напротив се додека ја зборуваме вистината ќе бидеме на правиот пат, додаде Митева.

Митева и порача на Кузеска дека се додека барате виновници за вашите погрешни политики, ќе имаат ваков негативен пад во рејтингот.

Се додека продолжувате со реториката дека некој ви ја направил штетата, а не сте самите вие виновни, се доведувате до ситуација во која и се наоѓате да имате огромен негативен пад во  јавноста, и порача Митева на Богданка Кузеска од СДС и нагласи:

Она што можеби треба да го зборувате внатре во вашата партија е тоа колку финансиски средства трошите за промоција на вашиот лидер за фејсбук кампања, а каков е импактот што го добивате од истиот. Можеби внатре во партијата треба да поразговарате за енормните цени кои ги трошите, наместо да зборуваме за ботови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK