Мицкоски: Преодната влада нема да значи амнестија за криминалот на СДС и ДУИ, ќе си одговараат до последниот

mickoski08062023
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува преодна влада која што ќe има полн легитимитет да го мониторираме и контролираме процесот од потенцијални изборни измами, но и одговорност за криминалот на СДС и ДУИ.







Со оваа влада ќе имаме полн легитимитет да го мониторираме и контролираме процесот од потенцијални изборни измами. Тоа  е многу важно, бидејќи знаете вие, техничката влада секогаш, се надгласуваа технички министри на самата седница на влада и практично и нивната оперативна функција беше многу мала. Со полно правни министри во рамки на една ваква преодна влада, ние ќе можеме многу јасно да контролираме процесот, изјави Мицкоски.

Мицкоски, ја поздрави одлуката на ДУИ да оди во опозицијата, односно како што рече тој добро е што ДУИ конечно разбра дека им е време за опозиција.

Јас ја поздзавувам одлуката на Бујар Османи, да во името на ДУИ конечно разбере дека е време за опозиција и тоа е добро, затоа што еден период да се помине во опозиција значи еден вид внатрешна катарза, реструктуирање, нови луѓе, нови идеи, смета тој.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ би влегле во влада со СДСМ, а всушност ги обвинуваат за криминал,  Мицкоски им порача на граѓаните дека не треба да стравуваат, бидејќи преодната или широка влада не значи амнестија, односно како што рече тој секој кој што се огрешил пред законот изминатите 6 години откако СДСМ и ДУИ се на власт ќе одговараат.

Ние јасно сме кажале дека секој оној кој што се огрешил пред законот  и за кои што постои основано сомневање дека сторил криминал, ќе одговара., родена сестра да ми е, роден брат да ми е ќе одговара. И тука да немате дилема. Ако некој од граѓаните стравува дека  ваква широка или преодна влада ќе значи амнестија за оние многу криминални случаи изминатите 6 години, да бидат спокојни тоа нема да се случи, порача Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK