Мицкоски на средба со Ескобар: Власта за многу внатрешни прашања погрешно ја информира меѓународната заедница

1692967564_mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер.



На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.

Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности.

Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK