– Пратеникот од ДУИ Изет Меџити вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму.
Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т.н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Доколку конгресот одлучи да ги разреши, додаде тој, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ.
Меџити упати критики кон раководството на ДУИ посочувајќи дека во партијата има целосна анархија и не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството и не се дебатира за важни теми, а се закажуваат и тајни состаноци.