Ковачевски: Се додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, ќе постои и нашата единствена татковина Република Македонија

kovacevski_24243423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јазикот е нашата најкомплетна татковина, ќе рече нашиот џин Блаже Конески, а сите нам ќе ни остави аманет. Македонскиот јазик опстојал низ вековите благодарение на тоа што луѓето зборувале, раскажувале, прераскажувале и твореле, создавале дела на македонски јазик. Преку македонскиот јазик остојуваме и ние Македонците. И се додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, ќе постои и нашата единствена татковина Република Северна Македонија, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на панел-дискусијата насловена „Македонскиот јазик во словенскиот свет“ организирана во рамки на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.







Ковачевски пред присутните во Охрид ги нагласи донесените тешки државнички одлуки, за осигурување на територијалните граници на државата преку членството во НАТО, а потоа и зацврстувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет преку почетокот на преговорите за зачленување во ЕУ .

– Овојпат одиме за да го осигураме европскиот квалитет на животот тука, да ги задржиме младите да учат, работат во родната земја, во своја држава, за да има кој да говори, пишува и да создава на мајчиниот македонски јазик денес и засекогаш, во својата татковина како дел на Европа, рече Ковачевски.

Тој потсети на неброените жртви и знајни и незнајни борци и творци кои го дале животот за ние да зборуваме на својот македонски јазик и да сме признаени во целиот свет.

– Вистината за признанието на македонскиот јазик по она во ОН и во ЕУ дојде со договор „Фронтекс“ меѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик без какви било ѕвездички и фусноти. Македонскито јазик денес е на рамноправно рамниште со сите други јазици што се зборуваат во ЕУ. Европското закондавство се преведува на македонски јазик, истакна тој.

Меѓу другото, тој говореше и за спроведените активности на Владата за сочувување и континуитет на македонскиот јазик, како Законот за употреба на македонскиот јазик со веќе утврден текст што предвидува проширување на областите за употреба на јазикот и неговото кирилско писмо, зајакнување на законските мерки за грижа, создавање правна основа за донесување национална стратегија за македонски јазик, негова заштита, промоција и афирмација…Тука ги спомна и проектите за реконструкција на училиштето во Љубојно како центар за промоција на македонскиот јазик, дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, дигитализација на правописот, поставувањето на  дигитализиран толковен речник на Интернет…

– Она што треба да направиме е продолжиме напред. Шансите се реални повеќе от кога било, македонските лингивисти, книжевници, уметници да работат и создаваат меѓу европските колеги, на широкото европско поле на нови можности кои што отвораат нови и значајни перспективи за денешните и идните генерации,  нагласи Ковачевски.

Професорот на филолошкиот факултет во Скопје, Марјан Марковиќ, пред присутните укажа на особеноста на македонскиот јази со сета негова дијалектичка разновидност, неговото опстојување и еволуриање без постоењето некакви политички, административни норми…

– Токму таа слобода на развојот на живата, народната комуникација овозможила забрзување на јазичните еволитувни процеси. И токму заради тоа македонскиот јазик има вградено карактеристики што го прават не само посебен и специфилен, туку и многу интересен за проучување во пошироки славистички и лингвистички рамки, рече Марковиќ.

Како пример за лексичкото богатство на македонскиот јазик, тој посочи извадоци од Општословенскиот лингвистички атлас, проект што се работи повеќе од пет децении од Меѓународниот комитет на славистите, каде македонскиот јазик е поставен како рамноправен со останатите словенски јазици. Притоа, за одреден поим за која во 300 населени места од источниот словенски свет има еден збор, додека кај македонската дијалектна територија со само 24 населени места опфатени во Атласот, има 16-тина различни називи за истиот поим.

– Клучот за повеќевековниот континуитет и опстанокот на македонскиот јазик се токму во способноста да се адаптира на промените, истите да ги вгради во системот и со тоа да биде модел во пошироки рамки за тоа како еден јазик, дури и во доста неповолни околности, може да стане одржлив, еволитувен и иновативен, заклучи тој.

Професорот Димитар Пандев, од своја страна истакна дека во сесловенскиот свет, како резултат на јазични вркстувања, на култури и цивилизации, но и на стилски синтези на јазикотворечки личности, Македонија била и останува занавек лулка на словенската писменост.

– Македонскиот јазик денес во словенската јазична панорама на својот историски портрет неумоливо ги потврдува основните поставки на структурно-функционалната и естетската лингвистика, инено дека јазикот е систем или дух, а тоа ниту се признава ниту има потреба да се докажува, туку се потврдува или се прифаќа во онаа смисла во која кај системите најважно е одржувањето, а кај духот преносливоста…Низ сите предизвици на времето, кои не биле малку, македонскиот јазик знаел и умеел да ги надмине, рече меѓу другото Пандев.

Според него, македонскиот јазик е трезор во кој се чува народното јазично богатство, во онаа смисла во која се вдомил во текстови засведочени од светиклиментово време до денес, и во овие денешни искажувања во чест и слава на светите браќа.

Преофесорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, во своето обраќање зборуваше за историскиот развој на народниот македонски јазик, посочувајќи дека современиот народен македонски јазик навлегува во писменоста во 16 век, времето на ренесансата, на будењето на народите и описменувањето, се до АСНОМ 1944 година кога македонскиот јазик беше прогласен за официјален службен јазик на македонската држава.

– Се додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои и ќе постои нашата единствена татковина…Ако можел овој народ и овие народи да живеат во минатото без граници, тоа можат и во иднина, а тоа за мене е ЕУ, рече професорот Спасов.

Чествувањата по повод празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Охрид продолжија со полагање цвеќе пред нивниот споменик на Градскиот плоштрад, како и со Централната свеченост што се одржува на Светипантелејмоновиот храм на Плаошник, местото каде бил формиран првиот словенски универзитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK