Костовски: Случајот „Феникс“ уште еднаш покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија

kostovski_3454353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Случајот „Феникс“ кој беше објавен вчера уше еднаш покажа дека ДПМНЕ е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам.

Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака Зоран Ставревски, екс министерската Елизабета Канчевска – Милеска, двајца градоначалници од редовите на ДПМНЕ се товарат дека го оштетеле државниот буџет за 16 милиони евра, преку спомениците во проектот Скопје 2014.


Цела недела од незаконски стекнатиот Бел дворец ги прозиваа независните судски органи, повикуваа на оставки, а денес кога на површина излегува нов криминал на ДПМНЕ, никаде ги нема.

Вчерашниот предмет е уште еден доказ дека Скопје 2014 е мегакриминален проект чија реализација имаше за цел богатење на одредена група луѓе околу Груевски.

Замислете, група од ДПМНЕ перела пари, преку грбот на македонскиот народ, но и преку грбот на великанот Гоце Делчев, преку Александар Македонски, преку Цар Самоил, преку Гемиџиите…

Дали по вчерашниот последен случај Христијан Мицкоски ќе поднесе оставка затоа што е лидер на криминална партија за чии функционери постојано се отвораат предмети за сторен криминал?

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK