Карамбол здравство, систем и Aрмагедон – Агим Јонуз

agim jonuz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Агим ЈОНУЗ

Не знам зошто ми текнува една реченица која ја имам чуено како дете и уште ми звони во ушите. Еден пријател на татко ми ја изусти. Вели, ‘‘ да не беа Косоварите‘‘, ни еден доктор куќа немаше да има. Што сакаше да каже не знам, ама знам дека сите доктори направија куќа, освен оние ‘‘ со крстот на чело‘‘. Тоа беше друго време, време во кое овака или онака имаше некој општествен морал и кодекс. Но! Имаше и здрава полиција. Како и да е, докторите одсекогаш знаеле да се наместат онака ‘‘спасителски‘‘ кога е живот во прашање а на операција треба да се чека. Тоа до ден денес останало исто по се изгледа. Зошто? А што мислите зошто! За пари, сигурно не за канта сирење. За да не бидам земен несериозно, ајде да ја анализираме реченицата ‘‘ да не беа косоварите, ни еден доктор немаше куќа да направи‘‘! Однапред се извинувам за ова ‘‘косовари‘‘, тие воопшто не се предмет на дискусија во текстов. Тие се само земени онака архаично како пример од некое време во кое од Косово сериозно доаѓаа пациенти во Скопје како во најблизок а комплетен клинички центар во кое имаше плејада на познати лекари, хирурзи и персонал. А, се што не можеше да се реши со ‘‘lege artis”, се решаваше со “pari artis”! И, тука имаше за секого ‘‘куча‘‘! Кој ке забележи дека бладам или дека измислувам, инсинуирам,… не е чесен.  Лекарската фела никогаш во Македонија не била ниту доволно, ниту квалитетно вреднувана. Во претходниот систем во кое постоеше само клиничкиот центар и една ‘‘Војна Болница‘‘, секој својата материјална сатисфакција за она што го работи си го организираше на свој начин. Секако, сите беа ‘‘Virgo intacta “ , но кога би знаеле ( поточно посведочиле) ‘‘поштарите‘‘ ( читај најчесто болничарите и ситниот персонал), приказната не би знаела да ја напише и измисли ниту Сидни Шелдон, писателката на крими сценаријата. Тука не зборуваме за ‘‘бомбоњери и виски‘‘ како мала благодарност и внимание, туку конкретно за – пари, брате, пари! У тоа време беа ‘‘маркичи‘‘! Има голема разлика со денешното време. Сега не е време на ‘‘марки‘‘! Сега се Евра. Разликата е таа, а се останато – исто. Нејсе.


Македонија,  “Anno Domini”  2023 – то. Во систем кој по многу основи е распаднат и нефункционален до ниво на Армагедон, здравството во Македонија е само една од алките на нефункционалноста на системот. Сметам дека нема никој да потврди дека ако го цитирам народот кој вели ‘‘ ако немаш пари – цркни подобро‘‘ дека не ја чул таа синтагма. Дисфункционалноста на системот кој консеквентно остава траги во сите фрагменти од општеството некаде се плаќа со пари а некаде со трагедии, тажни судбини и приказни кои оставаат длабоки траги во душата на обичниот човек. Кога сме кај здравството, деновиве сме сведоци на една монструозна приказна на Онкологија која доколку нема разврска, казна и обелоденување со име и презиме на актерите на монструозниот акт, навистина би требало да се запрашаме каде живееме. За да не инсинуираме пред време додека трае истрагата, ќе останеме само така занемени во констатацијата што конкретно се случува таму и колку до сега ( сосема оправдано сомневајки се) пациенти не добилеа адекватна помош за нешто што е платено од државни пари, а олицетворено во фондот за здравство, кое е приказна за себе и за кој ако дискутираме, ке најдеме иљада и една причина да го критикуваме. Тоа е посебна приказна. Имено, тој исти фонд за здравство кој е ‘‘буџет од народни пари‘‘ овозможува лекување само во јавно здравство чии услуги се ограничени. По правило, на еден огромен клинички универзитетски медицински центар комплетноста на услугите е ‘‘ некомплетна‘‘, така да освен за одредени хируршки интервенции фондот за здравство нема склучен договор со приватниот сектор во здравството кој нуди високо квалитетна, стручна, професионална и адекватна услуга за парите кои ги наплаќа. Приватниот сектор во здравството во Македонија реално  го ‘‘дава‘‘ тоа за што ги наплаќа парите.

Продолжете да читате на koha.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK