Каевски: СДСМ ќе гласа за техничката Влада, нема да дозволиме ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес и двојната победа на европскиот фронт

Каевски-СДСМ-ќе-гласа-за-техничката-Влада-нема-да-дозволиме.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ставајќи го интересот на државата на прво место пратениците на СДСМ како прогресивна и проевропска партија, заедно со пратениците од мнозинството, ќе ја поддржи техничката Влада во македонското Собрание, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски од собраниската говорница при изборот на техничката Влада.

-Нема да дозволиме ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и на парламентарните избори. Заедно со мнозинството пратеници, заедно со граѓаните нема да дозволиме деструктивните сценарија на ДПМНЕ да успеат. Во изминатите години СДСМ покажа дека е демократска партија која знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја. Така и ќе продолжиме, рече Каевски.

Во ДПМНЕ се нервозни заради изборниот пораз што ги чека, додаде тој.

-Токму затоа од самиот почеток, законската обврска за техничка влада која единствена цел има да организира фер и демократски избори бараше начин да ја проблематизира, да ја опструира, целосно непотребно и без било каква основа, рече Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK