Јанчев: Кавадарци се развива на секое поле, а инфраструктурата е огледало на општината

jancev_mito_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Втор мандат сум градоначалник и сакам да се заблагодарам на максималната поддршка на Општината, на граѓаните со 76% поддржаност во вториот мандат, при што е голема голема обврска за мене. Морам да потенцирам дека сплотеноста на Општината со јавните институции, со граѓаните, достапноста на Општината во делот на граѓаните и секојдневието го прави Кавадарци да биде град достапен за самите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во воведниот дел од трибината „Политики за развој на енергетскиот сектор“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев додаде дека се инвестира во спортот и потенцираше дека за пет години општина Кавадарци успеа фудбалскиот клуб „Тиквеш“ да го врати во прва лига. И направи историски најдобар резултат во првата македонска лига и заврши на шестото место. Ракометарскиот клуб „Тиквеш“ оваа година за првпат игра во Европа.


„Општината во изминативе четири години спортот го поддржува со рекордни 20 милиони денари на годишно ниво“, нагласи градоначалникот на Кавадарци.

„Инфраструктурата во делот на спортот во последните неколку години се изградија неколку игралишта, тука е игралиштето ГФК „Тиквеш“, нови трибини. Но исто така се обезбедија и подобри услови за спортот, при што се изградија повеќе спортски сали, повеќе фудбалски терени“, појасни Јанчев.

Јанчев се осврна и на инфраструктурата во Кавадарци при што посочи дека е огледало на општината.

„Општина Кавадарци до пред пет години беше на доста ниско ниво во делот на инфраструктурата, во делот на атсмосферските канализации, фекален колектор, булеварите, влезовите во градот, улиците, руралните средини“, рече тој.

„Од втората изборна програма досега имаме остварено над 70% од сите проекти инфраструктурни кои што ги имаме. Би споменал неколку капитални, меѓу кои е пуштањето на работа и доградувањето на Градскиот пазар, денес општина Кавадарци има еден од помодерните пазари во Македонија. на нашите земјоделци им е овозможено да имаат подобри услови за продажба на земјоделските производи, а на граѓаните подобри услови при пазарување. Прометот на самиот Градски пазар во однос на земјоделските производи е подигнат некаде за 50-тина проценти“, посочи Јанчев.

Тој укажа дека пуштање на работа на петта мини хидроцентрала, со производство на инсталирана моќност 150 киловати на час. И со тоа ЈП Комуналец е денес во подобра финансиска состојба.

„Општина Кавадарци е единствена општина во Македонија каде што ниту едно дете не чека за запишување во градинка“, нагласи тој.

Јанчев додаде дека во општина Кавадарци од прво до петто одделение на сите дечиња им дава бесплатен соодветен оброк.

Градоначалникот на општина Кавадарци се осврна и на земјоделството.

„Како Општина можам да потенцирам дека се бориме максимално да придонесеме во делот на винарството, винската индустрија, во делот на заштита на земјоделците и тоа го направивме со неколку проекти во винскиот музеј, отворивме винотека каде што можат семејните винарии да продаваат вина што не можат во маркетите. Општина Кавадарци дава два милиони денари поддршка за семејните винарии, дестилерите, за да се зголеми откупот на грозје, да се зголемат производителите“, нагласи Јанчев.

Јанчев рече дека потребно е да се помогне на земјоделците бидејќи земјоделието е тешка гранка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK