Јанчев: И сите овие игранки кога активно се практикуваа доведоа до неколку војни и поделби на Македонија

sashe janchev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грција, Србија и Бугарија во текот на 19 век на територија на Македонија имаа развиено силна пропаганда. Купишта пари се истурени со цел преку црквата, црковните училишта, стипендии итн. да создадат Грци, Бугари и Срби во Македонија, а воедно со тоа и да ги убедат големите сили дека имаат право на цела или дел од територијата на Македонија.

Крајната цел на тоа секогаш било идно приграбување на територијата на Македонија, која до тогаш е во рамки на Отоманска империја, и создавање големи Србија, Бугарија и Грција.
Ова е супер опишано во книгата “За македонцките работи” од Мисирков која е објавена пред точно 120 години.


И сите овие игранки кога активно се практикуваа доведоа до неколку војни и поделби на Македонија.
Прашањето ми е ако претходно секогаш ваквите практики воделе до војни и поделба на Македонија, тогаш кон што не водат сегашните пропаганди кои велат дека Македонци можат да бидат само Грците, дека македонскиот јазик е бугарски, а Македонците се Бугари со амнезија, дека Албанците се конститутивен народ во Република Македонија?
Food for thought
Учиме од историјата?
#120годиниЗаМакедонцкитеРаботи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK