Ја молат меѓународната заедница да доаѓа за да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски за Владата

asdfasdf-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека Владата коленичи пред светот и ги моли светските политичари да дојдат во Македонија за да прават тортура врз пратениците од неговата партија. Според него, тоа нема да успее. Мицкоски додаде дека треба да се зборува за реалните проблеми, а не за уставните измени. Единствен избор, повтори дека се изборите.


„На состаноците изминатите месеци, ние не читаме поезија. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на македонскиот народ и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача се што презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку нас и на огромното мнозинство граѓани“, кажа Христијан Мицкоски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставни измени бидејќи сметаат дека тоа е најправилно, а не поради инает.

„Можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред и претходно кога на Комисија се гласаше потребата за уставните измени. Уште тогаш беше јасно дека нема 2/3 пратеници. Наместо да зборуваме за реалните проблеми, за инфлацијата, за екстремно високите цени на прехранбените производи, за почеток на учебната година без учебници, за проблемите на земјоделците, јавноста мора да биде сведок на тортурата од Владата преку своите гласила и коленичи пред светот и носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мицкоски.

Прашан дали одново ќе седне на маса за да разговара за уставните измени и дали би прифатил нова лидерска средба, Мицкоски одговори дека година дена се нуделе решенија, а сега веќе нема ништо на маса.

„Само лидерска средба за брзи парламентарни избори, без техничка Влада“, додаде Мицкоски.

Ги покани сите кои сакаат да разговараат за ова прашање, да кажат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK