Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи општините со средства од централниот буџет, порача Мицкоски

Идната-влада-на-ВМРО-ДПМНЕ-ќе-ги-поддржи-општините-со-средства.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска благодарение на општината, градоначалникот, советниците, пратениците кои доаѓаат од општина Гази Баба започнува проект во ова населено место во вредност од 8 милиони денари со кои ќе се реши овој децениски проблем, односно жителите на ова населено место ќе добијат вода, што е многу важно, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



„Сето тоа претставува само дополнителен мотив да направиме разлика помеѓу оние кои денеска седат во владата, а се дел од коалицијата СДС и ДУИ, и оние луѓе кои градат, а тоа се градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, најголемиот дел од нив имаат речиси реализирана програма која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, а некој просек од 60% веќе на половина од мандатот е на целата територија каде што има градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира отприлика 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба“ рече Мицкоски.

Убеден е дека програмата ќе биде предвреме исполнета и ќе бидат направени проекти кои не биле ветувани и не биле дел од програмата за локални избори.

„Само можам да ги охрабрам луѓето кои овде тимски работат, градоначалникот, администрацијата, советниците, пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата така да продолжат да ги реализираме овие проекти затоа што мораме да покажеме и докажеме дека не се сите исти, дека има такви кои крадат како што се овие во владата и такви кои градат, а тоа се градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“ рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK