(Фото) Повеќе зелено, успешно реализирана акцијата на СДСМ за пошумување во Кумановско

Фото-Повеќе-зелено-успешно-реализирана-акцијата-на-СДСМ-за-пошумување.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Денеска успешно беше реализирана акцијата на СДСМ за пошумување и во Кумановско, велат од СДСМ во партиско соопштение.







Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкриељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 3.000 садници на потегот кај населеното место Старо Нагоричане, Кумановско.

Во рамки на оваа еколошка акција, на 5 различни локации ширум републиката ќе засадат над 10.000 дрвца (садници), со средства обезбедени од СДСМ.

Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест, се додава во партиското соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK