Европски сојуз за промени: Дали Артан Груби врши перење пари со невладините организации на ДУИ?

Албанската-опозиција-обединета-во-Европскиот-Сојуз-за-Промени-најавува-убедлива.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Како да не беа доволни бизнисите со игрите на среќа, како што сме информирани деновиве, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое го предводи вицепремиерот Артан Груби, им додели големи суми на пари на неколку невладини организации кои се блиски до ДУИ или кои се раководат од високи кадри на ДУИ, се вели во соопштението од Европскиот сојуз за промени.

Станува збор за сума од 350.000 евра, која завршила кај лица вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во Министерството за култура, високите функционери на ДУИ, па дури и кај поранешни пратеници и државни секретари.

За да биде сомнежот поубедлив дека се работи за перење пари служи и фактот што дел од овие луѓе, кои ги раководат со овие организации, се и официјални донатори на ДУИ. Тоа налага да се мисли дека се работи за сериозна финансиска манипулација, бидејќи од една страна се чини дека Артан Груби издвојува државни пари за овие организации, а од друга страна истите пари се враќаат во ДУИ.

Поради ова ние бараме од Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го истражат овој случај и да откријат кои се вистинските причини поради кои Артан Груби им доделил средства на овие организации, под какво образложение биле пуштени тие средства и, што е најважно, каде завршиле истите средства? Дополнително, очекуваме Финансиската полиција и Обвинителството да ја истражат и поврзаноста меѓу овие средства и донации кои одат во Демократската унија за интеграција или дури и во џебовите на одредени функционери на оваа партија. Доколку нема истраги, расте сомнежот и кај истражните органи
дека и тие се заробеи.

Како и да е, Европскиот сојуз за промени по 8 мај годинава ќе иницира истражна постапка за овој предмет и дефинитивно ќе има одговорност. Не можеме повеќе да дозволиме заробена државата и висока корупција во име на европската интеграција, се вели во соопштението од Европскиот сојуз за промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK