ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата за продолжување на евроинтеграциските процеси

20230608205509_big_730x400_2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

8 јуни 2023







На денешната седница, Извршниот одбор на ДОМ дискутираше за актуелната политичка состојба во земјата.  ДОМ ја поздравува одржаната лидерска средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како основа за конструктивен дијалог и политичко обединување за продолжување на македонските евроинтеграциски процеси.

ДОМ го поздравува ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени и ќе поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собранието заеднички ќе се усвои потребата од измени на Уставот.  Истовремено, од сите политички чинители очекуваме сериозна посветеност за интензивно спроведување на реформите кои се значајни за евроинтеграцискиот процес, но пред сѐ, за подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани.

ДОМ изразува задоволство од започнатата реализација на барањата на ДОМ, со усвојувањето на Законот за задруги, со што се овозможува формирање енергетски задруги, со продолжувањето на собраниската дебата за законот за една изборна единица, како и активностите во Собранието за законско решение за ветинг, со цел ефикасна борба против корупцијата.  Демократска обнова на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK