ДПМНЕ и Стоилковски лажат и се заплеткуваат во сопствените гачки.
Фатени како изнесуваат невистини, дека износот од 22 милиони евра кој го споменуваа вчера е објавен во листа на должници и преставува даночен долг, а не поврат, денеска ја сменија плочата со нови гачки.
Значи УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки.
Тоа е факт.
Дополнитрлно, кај сите посочени даночни обврзници, се извршени контроли од страна на УЈП и постапено е по закон.
Стоилковски и ДПМНЕ наместо да излегуваат со гачки и да ги лажат граѓаните, треба да посетат предавања за тоа што значат одредбите, што се должници, а што поврат на ДДВ, се вели во демантот од СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.