Чулев: Корупцијата метастазира во сите сфери во општеството, посебно во органите на прогонот и оние органи кои што треба да го спроведуваат законот

nakje_culev_2323423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Сакам да потенцирам дека ниту промена на Уставот на Македонија, ниту било што друго не е вистински проблем или пречка на патот на евроинтеграциите на Македонија, туку главен проблем и главен предизвик на оваа држава на патот кон ЕУ е токму борбата против организираниот  криминал и корупцијата. Ова е нешто што на дневна основа доаѓа како информација како од безбедносни структури со кои што ние сме соработувале во минатото, така и од меѓународни дипломатски  претставници. Се друго е замајување на јавноста, дефокусирање на јавноста од вистинскиот проблем на оваа држава, а тоа е високиот степен на корумпираност на општеството“, истакна Наќе Чулев во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ на денешната трибина насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.

Чулев нагласи дека во периодот кога раководел со министерството за внатрешни работи покрај бројните предизвици со кои што се соочил тогаш, сепак со помош на чесни колеги од министерството успеал да отвори и да поднесе неколку кривични пријави за висок степен на корумпираност и криминалитет.


„Јас во тој контекст би напомнал неколку, тоа е случајот пред се би го напоменал за кој што и моментално имам добиено и судски процес клевета, кој што веќе го има добиено прв степен од страна на генералниот директор тогашен на ЕЛЕМ и РЕК Битола, Васко Ковачевски, а тоа е кривично дело за изнуда односно се работи за  фирма која што тогаш доби тендер за ископ на јаглен во РРЕК Битола. А, на која што тогашниот директор Васко Ковачевски побарал да отстапи дел од колачот на друга фирма подизведувач која што немала технички средства за тоа. И доколку не се согласела со тоа, тогаш побара поткуп во износ од 250.000 евра. За овој случај за кој што напоменувам дека тогаш беше отпишан од двајцата началници на Одделот за организиран криминал и корупција во МВР како и од оној началник што го назначи Оливер Спасовски тогаш беше Лазе Велковски така и од началникот кој што го назначив јас. Значи целосно законски, двајцата началници констатираа висока форма на корупција во случајот. Меѓутоа до ден денес Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се уште постапува по случајот и нема никакви резултати, а поминаа веќе речиси четири години од тој случај“, појасни Чулев.

Тој посочи дека и друг случај, а тоа е случајот со набавка на обрасци за патни исправи. Тогаш МВР беше оставено во незавидна позиција, немаше обрасци за патни исправи и во тој случај беше поднесена кривична пријава заради тоа што обрасците беа набавени без тендерска постапка во износ од 7 милиони евра меѓутоа со Анекс на договорот беше покачена таа сума дури за 5 милиони евра. И исто така беше набавен хардвер без да се набави софтверска опрема.

„Трет случај беше случајот со набавка на чизми за потребите на МВР, при што самата комисија на МВР констатира дека набавените чизми не ги исполнуваат техничките услови од спецификацијата односно беа со исклучително лош квалитет“, укажа Чулев.

Тој напомена и непостапување на ОЈО и отфрлање на случаи кои што беа со изборни нерегуларности уште не се испроцесуирани и нема конкретни одлуки од страна на ОЈО по однос на кривично дело 162, а тоа е поткуп при избори и гласање. Тоа е случајот кога СДС ги уценуваше граѓаните да гласаат за нив.

„Корупцијата метастазира во сите сфери во општеството, посебно во органите на прогонот и оние органи кои што треба да го спроведуваат законот“, нагласи Чулев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK