Честитка од министерот Спасовски по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

kiril_i_metodij_3453543523443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски во свое и во име на МВР упати честитка по повод државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, мисионерите на христијанството помеѓу Словените, почитувани како светци еднакви со Апостолите, а во поново време и патрони на Европа.







Како што подвлекува во честитката министерот Спасовски, 24 Мај не случајно е избран за одбележување на делото на Светите браќа како носители на писменоста на словенските народи. Изумувајќи ја глаголицата, првата азбука на која се препишал старословенскиот јазик, посочува министерот, тие ја започнале и Моравската мисија како тогаш најучени во целата Византиска империја. Целта била на разбирлив народен јазик да се проповеда учењето на Спасителот. Па, така, стои во честитката од Спасовски, Светото писмо било прво преведено, по што следеле богослужбени книги кои го јакнеле духот на народот.

– Полемизирајќи со оние кои имале отпор кон јазикот на Кирил, т.н. тријазичници, според тоа дека признавале богослужба само на трите јазици испишани на Христовиот крст – грчки, еврејски и латински, тој ја докажал потребата на секој народ да пишува и да ги кажува своите молитви кон Бога на својот јазик. Во одбрана на вистината тој рекол: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?” Римскиот Папа Адријан Втори и римските граѓани ги пречекале Кирил и Методиј со голема почит – со признание на словенското писмо за свето и со дозвола за употреба на словенскиот јазик во богослужба, се вели во честитката од Спасовски, соопштија од МВР.

Нивната мисија била да служат за доброто на сите словенски народи, да бидат во единство со Црквата. Токму затоа се и сметани за симболи на културниот дијалог помеѓу Источниот и Западниот христијански свет.

– А, за нас Македонците, за овој процес на создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните следбениците на Светите браќа, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе ја создадат кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо, со право можеме да кажеме дека Писмото, македонскиот јазик, е наш универзум, темелот на нашиот идентитет! Нека е за многу години 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!, честита министерот за внатреши работи Оливер Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK