Битиќи од трибината „Повеќе за сите“ во Радовиш: Владата предводена од СДСМ докажува на дело дека води грижа за секој еден граѓанин

Битиќи-од-трибината-„Повеќе-за-сите-во-Радовиш-Владата-предводена.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата предводена од СДСМ докажа дека е влада која води грижа за секој еден граѓанин, и токму затоа го усвои новиот пакет од антикризни мерки вреден 662 милиони евра за да им излезе во пресрет на нашите граѓани за да не ги почуствуваат продолжените ефекти од кризите со кои се соочивме во минатиот период.


Ова го порача на трибината „Повеќе за сите!“ во Радовиш потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој на собраните граѓани им рече дека СДСМ продолжува да се грижи за оние на кои најмногу им е потребна финансиската помош.

„Преку Програмата за енергетска сиромаштија, предвидени се 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Продолжуваме и со мерката за субвенционирање на струјата, со што продолжуваме 90% субвенционирање на цената на струјата. Со ова директно го заштитуваме семејниот буџет на 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, за што проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра“, рече Битиќи.

Тој информираше дека за домаќинствата со ниски приходи, корисници на ГМП и социјална пензија, предвидена е финансиска поддршка за сметките за струја која изнесува 1.200 денари месечно во наредните 6 месеци.

„Со оваа мерка се опфатени над 50.000 корисници со вкупен износ од 5,9 милиони евра“, рече Битиќи.

На трибината „Повеќе за сите“ во Радовиш, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, најави и намалување на малопродажните цени млекото и млечните производи.

„Се грижиме и за куповната моќ на граѓани, со помалку пари да може да купат повеќе основни производи. Како дел од мерките е предвидено и одлука за одобрување на користење на дехидрирано млеко за производството на млеко и млечни производи, со што ќе се придонесе за намалување на малопродажните цени млекото и млечните производи“, заклучи Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK