Бектеши: Имаме значаен напредок во процесот на декарбонизација, иднината на Западен Балкан е зелена трансформција и засилени инвестиции во обновливи извори на енергија

bekteshi_34534543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – И покрај енергетската криза што ја зафати не само Северна Македонија, туку и целиот свет, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор се еден од главните приоритети на Владата, со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија, како и придвижување кон зелена економија. Во изминатите неколку години Владата направи неколку реформи во енергетскиот сектор со што започнавме процес на декарбонизација.

Ова го нагласил министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на конференцијата „Западен Балкан: Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“ што денеска се одржала во Вашингтон.


Како што соопштија од Министерството за економија, Бектеши се обратил на панел дискусијата на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“, на која се дискутирало за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во процесот на декарбонизација и промоција на обновливи извори на енергија.

Тој потенцирал дека потребата од енергетска трансформација на Западен Балкан што значи декарбонизација и зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија, е еден од најголемите приоритети, пред се во услови на енергетска криза.

– Северна Македонија е првата земја членка на Енергетската заедница, која изработи Национален план за енергија и клима, кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност. Декарбонизацијата е и еден од главните столбови на националната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година. Зависноста на земјата од увоз на природен гас, како и од повеќето горива, го прави сценариото за декарбонизација значително ранливо на превирањата на пазарите за јаглен, нафта, природен гас и електрична енергија, предизвикани од руската инвазија на Украина, истакнал министерот Бектеши.

Како обрски кои ги има превземено Северна Македонија во делот на декарбонизација, се додава во соопштението, се предвидува во наредниот период да се затворат термоелектраните и со тоа да се стопира производството на електрична енергија од јаглен, да се зголеми учеството на обновливите извори во енергеткиот сектор, процес, се посочува, кој веќе е започнат со инвестиции во фотонапонски централи, како и намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.

– Северна Македонија постигна значителен напредок во декарбонизацијата и климатските активности во националните стратешки и акциски документи за енергија и клима. Согласно Стратегијата за развој на енергетиката, учеството на ОИЕ во бруто-финалната потрошувачка на енергија се очекува да се зголеми, достигнувајќи во опсег од 35-45 проценти во 2040 година, кажал Бектеши.

Министерот потенцирал дека Северна Македонија во делот на природниот гас, во моментот е целосно зависна од рускиот гас, но со поддршка на нашите партнери САД и ЕУ минатата година државата успеа да обезбеди дополнителни капацитети во гасоводот со Бугарија, а до крајот на годината ќе започне и изградбата на интерконекторот со Република Грција со што ќе се диверзифицираат изворите за снабдување со овој енергенс.

Бектеши информирал дека се работи на гасно поврзување со Србија и со Косово што би значело, како што рекол, поголема енергетска независност на регионот.

На панел дискусијата „Енергетска диверзификација: Кон европска енергетска независност” се обратиле Џефри Пајат, помошник државен секретар за енергетика во Стејт Департментот, Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, министер за животна средина, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Ведран Лакиќ, министер за индустрија, рударство и енергетика на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK