Кочо Анѓушев ги демантира и ги отфрла тврдењaта на Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија, дека Анѓушев е сопственик на фирмата ЕУРОНИКЕЛ, (фирма која е сегашен сопственик на поранешно ФЕНИ). Ова незамисливо тврдење е изречено јавно од претседателот на најзначајното тело за борба против корупција во државата на реномираната емисијата Топ Тема на сериозна телевизија, ТВ Телма.
,,Не сум сопственик, ниту сум имал ниту имам некаква сопственичка врска со Фени и Еуроникел и антикорупциска комисија си има документи од кои се гледа кој е сопственик. Тие документи се наоѓаат во Централен Регистар и секој граѓанин може да ги види. Не можам да разберам зошто Ивановска го зборува ова” – прашува Анѓушев.
И во телефонски разговор со претставник од Фероинвест кој и предочи дека податокот не е точен, Билјана Ивановска продолжи да застапува став дека Анѓушев е сопственик, потоа дека нејзината изјава не е од значајна важност, па се до ставот дека не мислела на начин како што ја изнела изјавата.
Сметаме дека е важно да се знае каде на други места Билјана Ивановска дала ваква погрешна информација и тврдења за Кочо Анѓушев, пред кои институции, пријателски држави и други инстанци.