Ал-Раиси: Европа исправена пред широк спектар предзивици, собирот во Охрид насочен кон изградба на побезбеден свет

al-raisi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Независно постигнатите оперативни успеси, Европа денеска се соочува со широк спектар предизвици. Има многу реални закани на хоризонтот. Бројот на намерни убиства во ЕУ повторно е во пораст. Новата генерација кибер-закани е тука. И, се разбира, влијанието на конфликтот и нестабилните економски услови ширум светот се протега и во Европа. Интерпол и европските земји-членки успешно се справуваат со предизвикот. Преземаат соодветни активности за справување со заканите, но и зо сузбивање на причините за нивната појава. Тоа денеска го истакна претседателот на Интерпол, генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Раиси во обраќањето пред учесниците на 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид.

Првиот човек на Интерпол рече дека размената на информации, следењето на технолошкиот напредок и прекуграничните операции се факторите што придонесуваат за безбедноста, не само во регионот туку и глобално.


Како што рече, собирот во Охрид има една задача, да се работи на изградба на побезбеден свет. А тоа ќе биде реализирано со споделување на искуствата од терен, слушање што имаат да кажат експертите кои го следат развојот на технологијата и преку градење партнерства што ќе поттикнат уште посилни меѓусебни односи.

Ал-Раиси во обраќањето се фокусираше на две области: клучната улога на Европа во борбата против постоечките и новите форми криминал и прашањето за важноста на споделување информации и соработка низ регионот и светот.

„Денес Европа е исправена пред предизвиците од широк спектар на криминал. Организираниот криминал е главната грижа. И разните форми на трговија со луѓе, тероризам и сајбер криминал исто така се во пораст. Овие транснационални злосторства не само што ја загрозуваат безбедноста на регионот, туку имаат и ефект на прелевање кон остатокот од светот. Сепак, Интерпол и неговите европски земји-членки се справуваат со предизвикот. Презедовме големи чекори за борба против овие злосторства и справување со нивните основни причини“, рече тој притоа посочувајќи ја како пример операцијата реализирана преку споделување информации и соработка, за пронаоѓање и приведуваење на убиец поврзан со Ндрангета во Франција.

Првиот човек на Интерпол ја нагласи клучната улога на Европол во поддршката на глобалните активности од борбата против организираниот криминал.

„И ние продолжуваме да споделуваме ресурси и експерти со ЕУ за прашања од заеднички интерес. Нашите партнерства со Eurojust, Frontex, CEPOL и EU-LISA се исто толку клучни во обезбедувањет оперативни успеси, за регионот и светот. Денес, Европа постигнува напредок во справувањето со најсложените форми криминал. Но, на крајот на краиштата, наша колективна должност е да ги предвидиме предизвиците на утрешниот ден и да работиме заедно за да обезбедиме побезбедна иднина“, рече тој.

Ал-Раиси во име на светската полициска организација потсети дека силината на Иитерпол произлегува токму од нејзината разноличност. Од говорницата уште еднаш повика на здружување на силите, негова надградба со иновации, продолжување на соработката во борбата против криминалот преку отворени линии на комуникација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK