„Серенада за Прилеп“ – емотивна музичка посвета за градот од Витаминка, Блага, Дац и Александар


serenada_vitaminka_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Серенада за Прилеп“ е емотивна музичка посвета за Прилеп од Витаминка, која по повод својот значаен јубилеј 70 години постоење, му подари на градот музичка посвета каква што заслужува, топла, достоинствена и искрена.

Блага Петреска, Дац и Александар Митевски  и Витаминка за градот под Марковите Кули создадоа, емотивна музичка посвета за Прилеп, градот на чаршијата, тутунот, корзото, каменот и Марковите Кули.


Песната носи топла приказна за Прилеп и за сите спомени, ликови и симболи што генерации прилепчани ги носат во себе. Исполнета со емоција, носталгија и љубов, „Серенада за Прилеп“ е создадена како музичка честитка за градот, но и како траен спомен за неговиот дух и препознатлива душа.

Спотот се снимаше низ Старата чаршија и други локации во Прилеп, каде преку слики, средби и градски мотиви ја оживува атмосферата на градот. Случајните средби со граѓаните му дадоа на целиот проект посебна топлина и искреност, а еден од најемотивните сегменти е старото кино во Прилеп, каде како спомени се појавуваат значајни ликови кои со своето дело, љубов и посветеност оставиле траен белег во меморијата на градот.

Музиката и аранжманот се дело на Александар Митевски, текстот го потпишуваат Огнен Неделковски и Митевски, а продукцијата е на Валентино Скендеровски. Во песната се преплетуваат романтичниот сензибилитет на Дац и Александар и препознатливиот, емотивен глас на Блага Петреска.

„Серенада за Прилеп“ не е само песна што ќе се слуша, туку песна што ќе се препознава. Во неа има чаршија, тутун, камен, сонце, младост, љубов и гордост, Прилеп таков каков што го паметат генерациите.

Спотот за песната е достапен на YouTube каналот на линкот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK