– Сите сме се нашле барем еднаш во ситуација да гледаме во екранот или во тетратката додека состанокот полека влегува во својот втор час. Се обидуваме активно да учествуваме во дискусијата, но истовремено го запишуваме секој важен детаљ за да не пропуштиме нешто. Резултатот најчесто е замор по состанокот, нечитливи белешки полни со нејасни информации или изгубено време на повторно преслушување на аудио снимките. Современото деловно опкружување бара целосна присутност во моментот, а технологијата конечно ни овозможува процесот на запишување да и го препуштиме на вештачката интелигенција.
Претворање на состаноците во јасни и прегледни белешки
Замислете состанок на кој истовремено пристигнуваат нови информации, идеи и договори, а вие се обидувате да останете фокусирани и да го запомните најважното. Наместо да се обидувате да „уловите“ кој што рекол, за вас тоа го прават уредите од серијата Samsung Galaxy S26 со помош на функцијата Transcript Assist. Оваа алатка го слуша разговорот, го претвора во текстуален формат во реално време и прецизно ги препознава различните говорници. На вас останува да се фокусирате на самата дискусија и решавање на проблемите, додека вештачката интелигенција го извршува административниот дел од работата.
Брзи резимеа со функцијата Note Assist
На родителските состаноци честопати во кратко време се разменуваат премногу информации: од термини за излети и уплати, до рокови за согласности, распореди за тестови и испрашувања, сѐ до нови училишни правила. По сето тоа, лесно е да се заборави некој детаљ или дополнително да се бараат информации низ групните пораки. Тука настапува Note Assist, алатка која го анализира обемниот текст и го претвора во смислено, структурирано резиме. За само неколку секунди, грубиот текст станува прегледен документ со јасно издвоени клучни теми. Наместо долго пребарување низ белешките и пораките, сите клучни информации остануваат прегледно организирани на едно место.

Зборовите стануваат конкретни задачи
Наместо веднаш по будењето да размислувате за временската прогноза, метежот во сообраќајот и десетиците непрочитани е-пораки, дозволете им на функциите Now Brief и Now Nudge да ги организираат сите важни информации во еден едноставен преглед на денот. Додека вие на раат го пиете утринското кафе, вашиот паметен телефон ја презема логистиката.
На овој начин, веќе не морате истовремено да слушате, да запишувате и да размислувате дали нешто сте пропуштиле. Помалку време се троши на администрација, испраќање записници и организација на обврските, а повеќе останува за вистинска работа, донесување одлуки и моменти без чувство на постојан притисок.
Во крајна линија, вистинската вредност на технологијата не е во самите спецификации, туку лежи во времето и енергијата што ни ги овозможува. Со ослободување од административниот товар и препуштање на водењето белешки на вештачката интелигенција, вашиот работен ден станува пофокусиран и помалку стресен. Паметните алатки вградени во серијата Samsung Galaxy S26 ви овозможуваат на состаноците конечно да бидете целосно присутни, да престанете да бидете пасивен записничар и навистина да преземете контрола врз вашите проекти, одлуки и слободно време.
