НЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време


NLB depozit
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, клиентите кои ќе депонираат средства преку преку мобилната апликација на Банката, НЛБ мКлик, добиваат повисоки каматни стапки, што го прави он-лајн депозитот не само попрофитабилен, туку и најсоодветниот начин за управување со заштедите – во секое време и од кое било место, брзо и безбедно.

 Финансиската стабилност отсекогаш била една од најзначајните животни вредности, а изборот каде ќе се чуваат заштедите, една од најважните одлуки на секој поединец.  Па така, ако сè уште размислувате дали и каде да ги орочите вашите пари, сега е вистинско време да ја искористите промотивната понуда на НЛБ Банка за депозити орочени во периодот од 15 април до 15 мај, годинава.


НЛБ Банка нуди он-лјан депозити преку мобилната апликација НЛБ мКлик, и депозити преку експозитурите на Банката, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на депозитот.

Онлајн депозитот овозможува повисоки каматни стапки, 3% за штедење во денари и 2,30% за штедење во евра, а исплатата на приносот е на месечно ниво, обезбедувајќи редовен прилив и финансиска флексибилност за клиентите.

Промотивната каматнa стапкa за депозит преку експозитурите на Банката изнесува 2,80% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра, со можност за исплата со рочност, но и на месечно ниво.

Новата понуда на Банката е сигурност која доаѓа во вистинско време, идеално решение за финансиска стабилност и исплатливост на долг рок.

Нудејќи атрактивни промоции, но и широка палета на штедни и инвестициски решенија за управување со личните финансии, НЛБ Банка ја потврдува својата улога на доверлив партнер на граѓаните за управување со нивните финансии.

Повеќе информации за промоцијата, но и останатите штедни и инвестициски продукти се достапни на веб-страница на НЛБ Банка www.nlb.mk, во Контакт центарот на 02/15 600 и во сите експозитури на Банката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK