dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“


DM_Matrona obuka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, наменета за мајки, идни родители и за сите заинтересирани. Обуката ќе се одржи на 22 април, во периодот од 17.30 до 19 часот, а пријавувањето за учество е на e-mail адресата [email protected].

Обуката ќе ја води прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед, која преку оваа едукативна средба ќе сподели стручни насоки и практични совети поврзани со раниот моторен развој кај децата. Учесниците ќе имаат можност да добијат корисни информации за правилниот развој во најраниот период, препознавање на важните развојни фази, како и совети за тоа кога е потребно дополнително внимание или консултација со стручно лице. Темата за раниот моторен развој е особено значајна за родителите, бидејќи правилното следење и поддршка во овој период имаат важна улога во севкупниот развој на детето. Дополнително, како дел од оваа иницијатива, учесниците ќе добијат и ваучер за 15 отсто попуст на производите од dm марката babylove.


Оваа обука е дел од Караванот на мајчинство, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките и идните родители. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 онлајн обуки, караванот продолжува да создава простор за размена на знаења, искуства и корисни информации, како и средина во која мајките се чувствуваат разбрани, поддржани и охрабрени да растат заедно со своите деца.

Годинешното издание на Караванот на мајчинство започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, а продолжи и со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март. Преку овие едукативни средби, иницијативата продолжува да отвора актуелни теми и да нуди стручна поддршка за прашања што се важни за секојдневието на современите семејства.

Со новата обука посветена на раниот моторен развој кај децата, Караванот на мајчинство и во текот на оваа година продолжува да обезбедува релевантни информации и практична поддршка за родителите. Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на мајките и родителите пристап до корисни совети, проверени стручни лица и содржини што можат да им помогнат полесно да се справуваат со секојдневните предизвици на родителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK